Фото: Илустрација/Пекселс

Пожар избувнал во патничкиот воз Варна – Софија, потврдија  од „Бугарски државни железници“ за локалните медиуми.

Инцидентот се случил на постојката Гривица, меѓу станиците Пондим и Плевен. Возачите забележале густ црн чад што излегува од локомотивата. Нема повредени, јави БТА. Инцидентот се случил денеска околу 15.40 часот по локално време.