САД испратија јасна порака за одлуката за ископување литиум во Србија
Рудникот за литиум е можност Србија да ги продлабочи врските со Европската Унија и да се позиционира како лидер во индустријата што ќе биде многу важна во иднина, изјави помошник-државниот секретар на САД за енергетика, Џефри Пјат, во интервју за „Гласот на Америка“, но истовремено нагласи дека народот на Србија треба да одлучи дали ќе дојде до ископување во тој рудник.
Пајат рече дека западните земји бараат алтернатива во снабдувањето со литиум, осврнувајќи се на можноста за проектот „Јадар“ на британско-австралиската компанија „Рио тинто“.
– Ова е важен проект за САД од неколку причини. Пред сѐ, тоа е можност за продлабочување на врските меѓу ЕУ и Србија, што е цел на американската политика со години. Тоа е исто така важен дел од нашето партнерство со ЕУ за да се забрза енергетската транзиција и да се произведат големи количества клучни минерали потребни за да се исполни целта што сите ја сакаме. Постои систематски обид во ЕУ и САД да се диверзифицира синџирот на снабдување. Прашањето од каде ќе дојде оваа диверзификација сè уште е отворено. Но Србија, поради својата геологија, има единствена можност да игра глобално значајна улога во тој процес – а тоа е намалување на емисиите на јаглерод диоксид во нашите економии – објасни Пајат. Р.С.