Нема нов француски предлог кој се разликува од она што бугарскиот парламент веќе го прифатил, изјави вечерва за БГНЕС Теодора Генчовска, министерската за надворешни работи на Бугарија во оставка.
– Бугарските интереси се максимално заштитени. Во францускиот предлог се потврдуваат нашите услови. Нема нов француски предлог. Сега се зависи од Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика – изјави Генчовска и додаде дека тие се подготвени уште вечерва да ги потпишат сите документи.