Србија

Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент усвои најголем дел од амандманите на текстот на резолуцијата за Србија, во кои се бара поблиска усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, со посебен акцент на барањето Србија да воведе санкции за Русија, а се бара и нормализација на односите со Косово за да го продолжи Србија патот кон ЕУ. Во усвоениот извештај за првпат експлицитно се наведува очекувањето за „заемно признавање“ на Србија и Косово, односно дека од Белград и Приштина се очекува да потпишат правнообврзувачки договор заснован на меѓусебно признавање.

Ова е во согласност со директните и остри пораки за признавањето на Косово што ги изнесе германскиот канцелар Олаф Шолц при неговата неодамнешна посета на Белград и на Приштина.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ни помалку ни повеќе се залага за територијалниот интегритет на Србија за прашањето за Косово, колку што западните претставници се залагаат за територијалниот интегритет на Украина, како и да не верува дека ЕУ ќе успее да го „скрши“ отпорот на Бугарија кон Северна Македонија и Албанија.