Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците – изјави денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.
Вархеји на „Икс“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното влијание врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово.
-Комисијата е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент.
-Комисијата го повикува Косово да се погрижи овој транзициски период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ – наведе Вархеји.