Фото: Макфакс

Популарниот белградски сплав „Фристајлер“ потона во Сава неколку минути по полноќ, а во тој момент во објектот се наоѓале голем број гости дојдени на новогодишна прослава, објави „Нова.рс“

Кога сплавот почна да се навалува, на присутните со микрофон им беше јавено да го напуштат објектот еден по еден па забавата се претворила во панично бегство од сплавот во моментите кога водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот.

– Се беше убаво додека наеднаш не се искрививме. Не сфативме веднаш што се случува, но кога ни се намокриа стапалата, настана вистински хаос. Пиштење, врескање и панично трчање кон излезот – изјавила за српските медиуми на девојка која ја дочека Новата година на овој сплав.

Од белградската Брза помош велат дека неколку лица се здобиле со исеченици за време на инцидентот, додека од полицијата велат дека сплавот е навреме евакуиран и нема настрадани.

Белградските медиуми јавуваат, дека сплавот и понатаму тоне.