Фото: „Нова Македонија“

Парламентарна комисија на бугарското собрание ќе ги бара „врските на Сорос со политички партии, судии, образовни институции, медиуми, деловни структури и државни власти“

  • Целта на парламентарната комисија е да ги утврди „врските на Сорос со политички партии, судии, образовни институции, медиуми, деловни структури и државни власти“. Парламентарната комисија најверојатно ќе истражи некои од невладините организации, како што се „Отворено општество“ и „Америка за Бугарија“, и фондациите „Фридрих Еберт“, „Ханс Зајдел“ и „Конрад Аденауер“.
    За издвојување е дека иницијативата за формирање на парламентарната комисија за истражување на влијанијата и активностите на субјектите поврзани со Сорос наиде на осуда од невладини организации во Бугарија, меѓу кои е и бугарскиот Хелсиншки комитет

Бугарскиот парламент во средата гласаше за формирање комисија за истрага на наводно мешање од страна на невладини организации и компании поврзани со американско-унгарски инвеститор Џорџ Сорос и неговиот син Александар. Иницијативата ја поведе движењето за права и слободи „Нов почеток“, додека членовите на владејачката партија ГЕРБ беа воздржани или гласаа против предлогот.
Споменатото движење за права и слободи „Нов почеток“, кое е и поднесувач на иницијативата за истрага за влијанието на Сорос во Бугарија, претставува политичка платформа на олигархот и пратеник Дељан Пеевски. На иницијативата на Пеевски се надоврзаа и ја поддржаа партиите од парламентот: Постои таков народ, Преродба и Бугарската социјалистичка партија.
За потсетување, лидерот на движењето за права и слободи Дељан Пеевски досега изнесуваше обвинувања против Сорос со критики во кои презентираше основи на сомневање дека субјектите поврзани со Сорос од Бугарија биле вклучени во „замена на вредностите со родова идеологија“ и биле групирани во „моќни лобистички структури“.
Членот на „Нов почеток“ Јордан Цонев впери прст во фондацијата „Отворено општество“, која беше основана од Сорос во 1993 година за доделување грантови за медиумските, културните и образовните субјекти, беше издвоена како „извор на нерегулирано влијание во Бугарија“.
Целта на парламентарната комисија е да ги утврди „врските на Сорос со политички партии, судии, образовни институции, медиуми, деловни структури и државни власти“. Парламентарната комисија најверојатно ќе истражи некои од невладините организации, како што се „Отворено општество“ и „Америка за Бугарија“, и фондациите „Фридрих Еберт“, „Ханс Зајдел“ и „Конрад Аденауер“.
За издвојување е дека иницијативата за формирање на парламентарната комисија за истражување на влијанијата и активностите на субјектите поврзани со Сорос наиде на осуда од невладини организации во Бугарија, меѓу кои е и бугарскиот Хелсиншки комитет.
Ова состојба следуваше по предложениот закон за приватност, кој пропишува процедури за новинарите истражувачи чии проекти се поврзани со истражување недоследности или злоупотреби, па и криминал, на лица што се носители на јавна власт. Но овој закон беше отфрлен по бран критики.
Натаму, невладините организации (НВО) и медиумите што имале корист од финансирање поврзано со Сорос, исто така, беа цел на предлог-закон поднесен од партијата Преродба, во кој тие би се означиле како „странски агенти“. Сепак, повторените обиди за донесување на законодавството, последен пат во 2024 година, беа неуспешни.
За издвојување е дека во 2024 година во бугарското собрание помина законски амандман со кој се забрануваат ЛГБТК+ пропагандата и неолибералната идеологија во училиштата. Р.С.