Резултатите од референдумот за државно-правниот статус, кои половина од Црна Гора сè уште ги оспорува денес, деветнаесет години подоцна, ја делат земјата под Ловќен на два дела, со длабок јаз помеѓу.
За потсетување, право на глас имаа 484.718 граѓани, а гласаа 419.240 или 86,5 проценти од вкупниот број гласачи. Независноста на Црна Гора ја поддржаа 230.661 граѓанин или 55,5 проценти, додека 185.002 или 44,5 проценти беа за останување во заедничка држава со Србија. За референдумот да биде успешен, беше потребно да има поддршка од 55 проценти од гласачите. Парламентот на Црна Гора претходно го усвои Законот за референдум, кој, се разбира, беше усогласен со препораката на ЕУ.
Деветнаесет години подоцна, Црна Гора е длабоко поделена со недоразбирања околу јазикот, нацијата, религијата. Јазот кај луѓето се продлабочуваше во врска со прашањата за „признавањето на Косово“, потоа за „членството на земјата во НАТО“, како и за наметнувањето од страна на Западот за тоа „Црна Гора да спроведува официјални политики што беа индикативно антисрпски и антируски“. Дури и по падот на режимот на Мило Ѓукановиќ, кога „новата“ Црна Гора донесе резолуции за Сребреница, ги зајакна санкциите против Русија, испрати амбасадор во Приштина, повторно поделбите по тие клучни прашања, останаа.
Кој се заканува да го поништи црногорскиот суверенитет?
Даниел Живковиќ, претседател на ДПС, вели дека Црна Гора веќе со години се соочува со предизвици што се закануваат да ги поништат нејзиниот суверенитет и „макотрпно изградениот меѓународен углед“.
Историчарот и автор на „Белата книга“, Јован Маркуш, вели дека меѓу нејзините корици има 1.298 документи што сведочат за голем број нерегуларности за време на референдумот.
– Имаме еден документ од кој косата ни се крева на глава, користени се матични броеви дури и на мртвородени деца – вели Маркуш.
По повод 19 години од мајскиот референдум во Црна Гора, се огласи и претседателот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ.
– Никој не е заборавен! Ништо не е заборавено! Само она од што сме се откажале е заборавено! Горд на 185.002 гласа за заедничка држава – напиша Кнежевиќ на мрежата Икс.
А за Црна Гора, за издвојување е и фактот што „нема крај во војната на криминалните црногорски кланови“… Р.С.