Редок феномен е снимен на небото над Бугарија. Видеоснимката првпат ја објави фејсбук-страницата „Метео Балканс“ (Meteo Balkans).
Oвaa појава се нарекува „црн прстен“ и првпат е забележана во Казахстан, 2015 година.
„Црниот прстен“ се појавува кога мали вселенски тела влегуваат во атмосферата на Земјата, нагло престануваат да се движат и се распаѓаат.
Меѓутоа, овој „црн прстен“ остана пониско во атмосферата, па можно е тоа да е само погуст остаток од некакво запалување или горење претходно.