Во интервју за холандскиот весник „Де волкскрант“, албанскиот премиер Еди Рама исклучително добро го дете­р­минираше национа­лизмот и себичноста на земјите на Европската унија. Оцену­ва­ј­ќи ја политиката на ЕУ преку примерот со кој Бугарија ја практикува добрососедската политика кон Македонија, Рама беше дециден дека ста­нува збор за национален егоизам.
– Политиката на ЕУ сѐ повеќе се одредува од националната себичност. Сè помалку е важно што правите, а сè повеќе е важно како другите се чувствуваат кога ќе донесат одлука. И секогаш има место нешто да се приговара. Бугарската позиција за Македонија е најотворениот пример. Холанѓаните знаат нежно да те „убијат“, но кај Бугарите тоа не е блага смрт – вели Рама.
Тој додаде дека Европската комисија двапати дала позитивни сугестии, по што тие сугестии завршиле во „мелницата на националните интереси во Советот, што било многу разочарувачки“.
– Потоа ни велат дека не сме подготвени, затоа што тие самите не се подготвени, а оваа приказна трае вечно. Тогаш треба да бидете трпеливи и да се присилувате на воскреснување секојпат. Се разбира, кога Европската комисија двапати даде позитивни предлози, тие сугестии завршија во мелницата на националните интереси во Советот, што беше многу разочарувачки – оценува Рама во интервју за холандскиот весник „Де волкскрант“.