Во Грција е уапсен џихадист кој имал активна улога во терористичката Исламска држава, бил еден од егзекуторите и им вршел обука на борците на ИД. Тој со неговиот малолетен син во јуни пристигнал на грчкиот остров Кос, претставувајќи се како бегалец кој бара азил, а всушност станувало збор за џихадист, пишуваат грчките медиуми.
Грчката служба за борба со тероризам идентификувала дека тој всушност не е бегалец, по што бил уапсен и со одлука на јавен обвинител е спроведен во затвор.
Тој им признал на полицајците дека првично бил дел од борците на „Ал нусра“ огранок на „Ал каеда“, а потоа преминал во редовите на Исламскиот калифат, но и дека учествувал во голем дел од битките во Рака и Мосул. Од островот Кос бил префрлен во Атина, каде што и му била одредена мерка притвор.