Земјите од Западен Балкан мора да знаат дали нивната перспектива во Европската унија е навистина реална во догледно време, рече претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, наведувајќи дека е крајно време да се разјаснат овие односи.
Ѓукановиќ во Брисел, по работната вечера на лидерите на земјите на Западен Балкан со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, рече дека разговарале за два аспекта на тие односи, од кои едната е реализација на инвестициите во ЕУ и рамка за развој кон ЗБ.
– Логично е дека вториот аспект беше геополитички. Разговаравме општо за перспективата на членството во ЕУ во земјите на ЗБ и за одразот на тој процес врз стабилноста на регионот и неговиот економски и демократски просперитет – рече Ѓукановиќ.
Тој потсети дека уште во 2003 година, на самитот во Солун, тие дефинираа јасна перспектива за земјите на ЗБ, па дури и поставија краен рок сето тоа да биде завршено во 2014 година.
– Денес сме седум години подоцна, и мојата проценка е дека денес сме подалеку од ЕУ отколку што бевме во 2014 година – рече претседателот на Црна Гора и додаде дека не станува збор за тоа што земјите од Западен Балкан се во полош реформски капацитет денес.