Шпанија им дозволи на косовските спортисти во иднина на светските натпреварувања што се одржуваат во таа земја, ги користат симболите, знамето и химната, е наведено во заедничката изјава на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Националниот олимписки комитет на Шпанија.
Според соопштението објавено на веб-страницата на ИОК, оваа одлука на спортистите на Косово им гарантира натпреварување под истите услови како и другите спортисти од 206 национални олимписки комитети.
Шпанија, која не ја признава независноста на Косово, неодамна не дозволи косовските каратисти да се натпреваруваат под своето знаме и химна на Светското првенство во Мадрид, туку под симболите на Светската федерација.