Хрватската канцеларија за сузбивање на криминал и корупција (УСКОК) објави дека пред Жупанискиот суд во Ријека покрена обвинение за шест хрватски, два холандски државјани, како и за еден босански, колкумбиски и шпански државјанин за злосторничко здружување и неовластено производство и продажба на дрога, објавија хрватските медиуми.
Според сознанијата на хратски „Јутарњи лист“, првообвинет е Стјепан Прњат, кој медиумите го нарекоа хртватскиот Ескобар, а полицијата го уапси пред скоро една година. Жупанискиот суд во Загреб минатиот септември токму Прњат го ослободи од обвиниенијата за прикривање на незаконски стекнати средства од продажба на дрога.
Тогаш на Прњат и на членовите на неговото семејство им се судеше дека од 2005 до 2007 година „переле“ пари, односно дека криеле незаконски стекнати средства, милиони евра кои Прњат ги заработил со препродажба на дрога. За самата трговија со дрогата во тој период, Прњат беше уапсен во 2007 година и му се судеше во Италија, каде е осуден на 10 години и 8 месеци затвор. На слобода е пуштен во 2015 година.
Во новото обвинение, Прњат се товари дека со уште двајца обвинети од јануари 2017 година до 7 март 2018 година на територијата на Хрватска, Словенија и други земји од Европската Унија (ЕУ), организирал криминална група во која се поврзале и другите обвинети, со цел препродажба и криумчарење на огромни количини кокаин од Јужна Америка. Според сознанијата, криминалната група на Прњат планирала да го продава кокаинот по цена од најмалку 23 илјади евра по килограм во повеќе различни земји од ЕУ.
Како што стои во обвинението, Прњат во Панама купил 100 килограми кокаин за 300 илјади евра, кој во Хрватска е траспортиран во контејнер во кој имало 20 тони мешан отпад. Но, оваа пратка не стигнала на предвидената локација во Загреб, бидејќи во март минатата година, по интервенција на хрватската полиција е пронајден и запленет кокаинот кој стигнал на пристаништето во Ријека. Прњат, кој е еден од првите луѓе во шверцерскиот ланец, уапсен е во Љубљана и потоа екстрадиран во Хрватска.
Според обвинението, токму Прњат ја оранизирал целата операција, поточно купувањето на кокаинот и нејзиниот транспорт во Хрватска. Целосниот план на дилерите бил многу едноставен, односно дрогата да се сокрие во големи контејнери во кои се наоѓа легална и пријавена роба, која би служела како параван, а потоа со бродски транспорт требало да биде транспортирана на пристаниште во Хрватска. Според планираното, кога транспортните контејнери би пристигнале на посаканите локации и би ги минале царинските прегледи, дрогата требало да биде траспортирана на сигурни и тајни локации. Еден од останатите обвинети ги открил точните локации за тоа каде требало да биде сокриен кокаинот.
Друг член на криминалната група, за кој исто така е подигнато обвинение, лично ја проверувал царинската постапка за прегледување на контејнерите. Останатите членови во криминалната група во загрепскиот регион барале места прикладни за истовар и ангажирале трговски друштва кои имале задача да ги транспортираат овие контејнери до локациите.