Српската полиција уапси 33-годишен црногорски државјанин осомничен дека вчера попладне со автоматска пушка влегол во кафуле во Белград и предизвикал паника меѓу гостите, објави „б92“.
Тој е осомничен дека вчера околу 17 часот, вооружен влегол во летната бавча на едно кафуле во општината Врачар и потоа избегал во непознат правец. Осомничениот не го употребил оружјето, ниту некој бил повреден, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Полицијата во неговиот стан нашла автоматска пушка „узи“ со пригушувач, силиконска маска и гардеробата која ја носел кога влегол во кафулето.
Определен му е притвор од 48 часа.