Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го повика Косово да ги подобри односите со Србија за да постигне напредок кон долгорочната цел за членство во Европската унија.
– Без целосна нормализација на односите со Србија и целосно прифаќање на договорите, не гледам како може да биде постигнат пробив во односите со ЕУ – изјави Туск на заедничка прес-конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Тој додаде дека тоа ќе биде тешко, но и дека е оптимист.
– Знам дека ќе биде тешко, но се уште сум претпазлив оптимист – изјави тој.
Во 2013 година Приштина и Белград се обврзаа на дијалог за подобрување на односите, со подрршка од ЕУ. Досега не е постигнат голем напредок.