Три лица загинаа попладнево при експлозија во хидроцентралата во Костела, во близина на босанскиот град Бихаќ, а едно лице се наоѓа во критична состојба.
Локалната полиција соопшти дека жртвите се вработени во хидроцентралата.
Засега не е позната причината за инцидентот, но се претпоставува дека станува збор за истекување на гас. Официјални информации ќе бидат соопштени по завршување на истрагата.
Во објектите на хидроцентралата се воведени безбедносни мерки.