Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите колаиции, пренесуваат црногорските медиуми.
Со своите потписи го поддржаа Кривокапиќ пратениците од партиите „ За иднина на Црна Гора“, „Мир е нашата нација“ и „Црно на бело“ .
– Бараме од претседателот на Црна Гора да го предложи професорот Здравко Кривокапиќ за мандатар за состав на новата влада на Црна Гора – пишува во документот.
Во црногорското Собрание денеска се одржува седница на која се верификувани мандатите на пратениците по изборите во август и на која Алекса Бечиќ од „Мир е наша нација“, би можел да биде избран за претседател на парламентот.
Во првиот дел од седницата стигна предлог, со кој се согласиле сите три коалиции, кои го потпишаа документот во кој се повикува шефот на државата Мило Ѓукановиќ да го предложи за мандатар на новата влада, носителот на листата „За иднина на Црна Гора“, Здравко Кривокапи