Косовскиот претседател Хашим Тачи тврди дека добил поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон Белград и Приштина што поскоро да постигнат обврзувачки договор, со „реална можност за корекција на границата“.
– Претседателот Макрон силно го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија, како и можноста за постигнување на договор во што е можно пократок период, со реална можност за корекција на границата, што подразбира припојување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац кон територијата на Косово и што би отворило сигурна евроатланска перспектива за Косово – тврди Тачи во интервју за Радио телевизија Албанија, пренесува РТК на српски јазик.
Според неговите зборови, нема да има корекција на границата по етничка основа, туку, како што вели, ќе биде сочувана мултиетничноста на Косово и „перспективата за изградба на граѓанска демократија во земјата“.