Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, посочи, за време на неговата посета на Пчињскиот округ, во кој се евидентирани повеќе од сто пожари во последните пет дена, дека ќе инсистира на заострување на казнената политика кон сите што предизвикуваат пожари.
Александар Вулин наведува дека од 25 јули до денес, Србија се соочила со повеќе од 850 пожари на отворено.
– Тоа покажува колку сме неодговорни, колку не мислиме, колку систематски немаме одговор за оние кои не се грижат за себе, но и за другите – истакна Вулин.
Тој нагласи дека сите оние кои предизвикуваат пожари од негрижа мора да знаат дека ќе бидат пронајдени и дека ќе одговараат за се што направиле, и материјално и на кој било друг начин.
– Само во округот на Пчиња, од 2 август до денес се евидентирани повеќе од сто отворени огнови, а во гаснењето беа ангажирани 500 пожарникари и повеќе од сто возила, кои беа повлечени од цела Србија за да се реши проблемот настанат од неодговорните поединци, кои не размислуваа дека согорувањето на стрништата може да го запали целото село, лишувајќи некого од живот – посочи министерот.
Како што е наведено во соопштението на Министерството за внатрешни работи, Вулин посочил дека во овој момент нема пожари во областа Пчиња кои се опасни, но и предупредил дека истите ќе ги има доколку поединци се однесуваат бескрупулозно.
– Инсистирам на промена на казнената политика, и секако Секторот за вонредни ситуации и Министерството за внатрешни работи ќе сторат се за секогаш да бидат подготвени и способни да им помогнат и заштитат на сите наши граѓани – нагласи Вулин.
Министерот додаде дека припадниците на Секторот за вонредни ситуации и Единицата за хеликоптери значително помагаат во гаснењето и локализирањето на пожарите Македонија.