Градежната инспекција го одложи уривањето на крстилницата „Солза Његошева“ на морскиот брег на островот на цвеќето, на местото на црквата на „Свети Архангел Михаил“ кај Тиват, која е во владение на Српската православна црква. Екипите на полицијата на Црна Гора вчераутро се повлекоа од местото, поради насобраните луѓе што се спротивставија на намерата на локалните власти да се урне овој објект, кој беше изграден минатата година.
Секретарот на одборот за изградба на манастирот „Превлака“, Михајло Бацковиќ, ја повика полицијата да се повлече.
– Полицијата во текот на ноќта се обиде да упадне во крстилницата. Тие дојдоа со чамци и се обидоа на ја заземат нашата крстилница, со единицата за интервенции – изјави Бацковиќ за Радио Тиват. Од организаторите на протестот ја осудија изјавата на министерот за одржлив развој и туризам Павле Радуловиќ и побараа тој да поднесе оставка поради „скандалозното однесување“ за уривање на малата крстилница на брегот на морето.
– Во моментот кога морскиот брег е целосно девастиран со дивоградби, тие се обидоа да ја разгоруваат меѓуверската омраза – велат од здружението „Права на Црна Гора“.