Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Анкара нема да се откаже од своите барања за екстрадиција на имамот Фетулах Ѓулен.
„Имаме имот во САД и тое е ФЕТО. Ние нема да го оставиме таму, ние ќе си го земеме”, напиша Сајлу на Твитер по санкциите на Вашингтон против него и турскиот министер за правда. Со санкциите ним им се блокира секој имот и средства во САД..
Според турските власти, т.н. Фетулистичка терористичка организација (ФЕТО) стои зад обидот за преврат во Турција во јули 2016 година, а нејзин лидер е Ѓулен.
САД најавија вчера дека воведуваат санкции против министрите за правда и за внатрешни работи на Турција – Абдулхамит Ѓул и Сулејман Сојлу, поради случајот со американскиот свештеник Ендрју Бренсон. Тој е во куќен притвор во Турција, додека му се суди за врски со т.н. ФЕТО и Курдската работничка партија.