Словенија, како претседател на ЕУ, ги повика денеска сите членки на Унијата да се соберат на кризен состанок за да разговараат за ситуацијата во Авганистан, откако талибанците ја презедоа контролата врз главниот град Кабул.
По вонредната конференција на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ за мигрантската криза во балтичкиот регион, словенечкиот министер за внатрешни работи Алес Хојс изрази надеж дека слична средба може да се свика поради ситуацијата во Авганистан, пренесува „Ројтерс“.
Ваквиот министерски собир може да се одржи за само неколку дена, потврди претставник на ЕУ, иако не е јасно дали министрите за внатрешни работи од земјите на ЕУ повторно ќе се состанат.
Словенија во моментов претседава со Унијата, што значи дека претседава и со состаноци на министерско ниво.