На покана на албанскиот претседател Илир Мета, попладнево во Тирана ќе допатува претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, пренесува МИА.
Со сите државнички почести ќе биде пречекан од својот домаќин, со кого ќе имаат средба, по што предвидена е средба на делегаците на двете земји и прес-конференција.
Доцна попладне Пахор ќе се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама а потоа и со лидерот на опозициската демократска партија, Љуљзим Баша.
Во текот на утрешниот ден планирани се средби со градоначалникот на Тирана Ерјон Велиај и со спикерот на парламентот Грамоз Ручи.
Престојот во државата ќе го заокружи со посетата на градот Круја и тамошната тврдина, една од најголемите туристички атракции во Албанија.