Осум лица се полесно повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го потресе Истанбул.
Земјотресот е регистриран во Мраморното Море во 13.59 часот по локално време на длабочина од седум километри и е почувствуван во западната област Мармара.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека повредените веднаш биле медицински згрижени.
Освен информации за помали разурнувања, нема извештаи за голема материјална штета.