Автобус полн со патници се запали и изгоре во близина на Нова Горица, Словенија. Во автобусот, според информациите имало четириесет патници, но за среќа нема жртви ниту повредени.
Како што наведе локалната полиција, присебноста на возачот, кој кога увидел дека нешто не е во ред со автобусот веднаш застанал и ги отворил сите врати за да се евакуираат патниците, е главната причина што нема повредени и се спречила трагедија.
На местото на настанот набрзо пристигнале и пожарникари кои го изгласнале огнот.
Според првичната истрага, пожарот започнат во делот на автобусот каде што се наоѓа моторот, а причината за истиот е оштетена цевка за гориво.