Откако резултатите од изборите и распределбата на местата во новиот парламент беа објавени, бугарскиот претседател Румен Радев најави дека ќе го свика 46-то Национално собрание в среда во 9 часот. Тој рече дека постои јасен уставен модел кон кој треба политичарите да се придржуваат.
– Пратеничките групи мора да се формираат. Ќе ги поканам сите претставници на парламентарните групи на консултации и потоа ќе го предадам првиот мандат – изјави Радев.
Шефот на државата ги повика партиите да најдат начин да се разберат.
– Сега е време тие да ја завршат својата работа, да продолжат со демонтирање на маѓепсаниот модел на управување, да запрат со кражби, да ја зајакнат државноста, конечно да најдат излез од економската криза, од неправдата, од сиромаштијата – истакна Радев.
Претседателот и’ честиташе на партијата „Има таков народ“ за изборната победа.
– Тие ја отворија вратата за дијалог и изнаоѓање консензус за решавање на проблемите во политичкиот систем – додаде Радев.