Еден од најпознатите бугарски новинари, Георги Коритаров, почина на 61-годишна возраст. Тој важеше за одличен познавач на македонско-бугарските односи и се залагаше за надминување на недоразбирањата помеѓу Македонија и Бугарија.
Македонија беше честа тема во неговата емисија „Слободна Европа“ која се емитуваше на бугарската „ТВ Европа“. Директорот на „ТВ Европа“ Георги Харизанов ја објави загубата на Фејсбук, како што пренесе „Бгнес“.