Албанскиот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај на средбата во Загреб со неговиот колега Давор Божовиќ, посебно внимание посветиле на проблемот со менаџирање на евентуалниот наплив на мигранти.
-Двајцата министри опширно разговараа за проблемот со најавата за нов бран бегалци и справувањето со него. Притоа оценија дека во актуелните услови Европската унија треба многу повеќе да им помогне на земјите од регионот погодени од проблемот- стои во соопштението на албанското Министерство за внатрешни работи.
Двајцата соговорници искажале задоволство од ,како што оцениле, одличните односи меѓу двете земји и безрезервната поддршка и помош што Хрватска и ја дава на Албанија во интегративниот процес во ЕУ.
Во меѓувреме дел од албанските медиуми, третирајќи ја најавата за нов бран бегалци од блискоисточните земји, наведуваат дека во трката за изградба на голем бегалски камп се Албанија и Украина, поради можноста „добијат милионски суми пари“.