Силно невреме синоќа ја зафати западна Хрватска и Загреб, а поројниот дожд предизвика поплави во централниот дел на главниот град.
Како што објави „Индекс.хр“, потопени биле повеќе улици, а бројни автомобили останале заробени под вода или биле целосно потопени. Поплавени биле и неколку куќи и објекти.
Пожарникарите цела ноќ биле на терен. На 193 имало илјадници повици.
На некои места сообраќајот и утрово е ограничен.
На сила сè уште има предупредување за опасни временски прилики, но со пониско ниво од вчера. За Загреб на сила е портокалово предупредување.