Софија – Централната изборна комисија на Бугарија ги претстави гласачките ливчиња што ќе ги гласаме на локалните избори, кое е поделено на два дела со имињата на кандидатите за градоначалници и партиите и коалициите што ги предлагаат, а во вториот дел се преферренцијалните проеви за општинските советници, но тоа што е поразлично од предходните избори е што на гласачкото ливче ќе има и „квадратче“ со ознаката „Јас не поддржувам никого“. (БНТ)

Панчево – Со отворањето на нови филмски студија во Панчево и Белград , Србија ги зголемува шансите да стане лидер во регионот во филмската индустрија, а за тоа придонесоа Државните субвенции за поттикнување на аудио-визуелнаното производство, кои се воведени од 2016 година, наменети за уредување на филмските студија во Србија, со што на секое вложено евро во српската економија се враќаат шест, а во буџетот на државата се слеваат две евра , додека на снимањето на филмовите секојднено се ангажираат од 150 до 550 српски граѓани.
(„Дневник“)

Белград – Републичкиот завод за статистика во соработка со Институтот за јавно здравје и Министерството за здравтво на Србија од шести до 30 октормври ќе спроведе истражување за здравствената состојба на населението со кое ќе се врши антрополошко мерење (висина и телесна маса), како и мерење на крвниот притисок на анкетираните граѓани, кои ќе добијат бесплатна информација за основната здравствена состојба.
(РТС)


Бисер балкански

Алергичен на компјутери

– Не можам да користам компјутер во својата работа, бидејќи секогаш кога работам на него, добивам алергија во вид на плускавци на рацете – образложението на судијата Младен Грантвергер, во Општинскиот граѓански суд во Загреб, дадено пред Државниот судски совет, кое одлучуваше по предлогот за намалување на неговата плата поради слаба ефикасност, затоа што за една година решил само 40 предмети од имотно земјишно право, што претставува 42,14 отсто од нормата, а од нив во 21 предмет странките се жалеле, а девет биле укинати бидејќи судијата направил суштински повреди на постапката.