– Ние сме во коалиција од 2012 година, цели осум години, и ако господ даде ќе бидеме и по изборите. Тоа е доказ за политичката стабилност што ја направивме, што е предуслов Србија да може да ги решава најважните државни и национални интереси. Не дојдов овде да правам предизборна кампања и некако ми е непријатно да им зборувам на граѓаните зошто треба да гласаат за нас, доколку не го виделе тоа претходните години. Не верувам дека денеска од овде можам и да ве убедам. Дојдов да ве видам и да ви кажам дека ве сакам – рече Ивица Дачиќ, претседател на Социјалистичката партија во Србија.
Дачиќ во предизборната кампања упати и критики на адреса на коалицискиот партнер и Александар Вучиќ, и објасни дека со нив не се во коалиција поради „тоа што се сакаат, туку поради интерес на Србија“.
Атина – Новите пешачки зони на неколку улици и булевари во центарот на Атина, како и почетокот на работата за подготовка на дополнителни зони, предизвикаа да се создаде сообраќаен хаос, особено во раните утрински часови. Возачи заглавени во сообраќајот во центарот на Атина за грчките медиуми велат дека доколку претходно им биле потребни 15 минути да стигнат на нивните работни места, сега чекаат и до еден час. (МИА)
Љубљана – Словенечките компании го губат интересот да произведуваат заштитни маски потребни, пред сѐ, за борба против коронавирусот. Главната причина за ова, според раководствата на производствените капацитети, е тоа што тие не можат на направат маска, како што велат, по „кинеска цена“. („Дневник“)
Подгорица – Припадници на црногорската полиција влегоа во соборниот храм „Христово воскресение“ во Подгорица, во обид да го приведат архијерејот Мирчета Шљиванчанин, поради организирање литии, но биле спречени од верниците. („Фокус“)