Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е приоритет на американската надворешна политика и дека Вашингтон сака земјите од регионот да гледаат во САД и ЕУ како на „партнери кои сами ги избрале“.
Тој вели дека САД сакаат Западен Балкан да стане дел од фамилијата европски земји и дека за таа цел вложуваат значаен политички и друг капитал.
-Мислам дека за сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија и ќе направиме сѐ тоа јасно да им го кажеме на лидерите и на граѓаните во регионот – рече Палмер.