Во Љубљана е отворен првиот исламски културен центар со џамија во Словенија, а објектот е на површина од околу 13.000 квадратни метри, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Основата на оваа верска зграда е коцка висока 24 метри со минаре високо 40 метри. Покрај молитвениот простор, исламскиот центар содржи и обреден мијалник и образовни, административни и станбени простории.
Според муфтијата Неџад Грабус, отворањето на центарот претставува пресвртница за муслиманите во Словенија, бидејќи тие конечно ќе добијат свое место за богослужба и активности, меѓу кои особено се нагласуваат културните и образовни проекти.
Објектот може да прими 1.400 верници. Во сутеренот има паркинг, вежбалница, ресторан и сала за предавања. На приземјето има џамија со минаре, бања за ритуално миење пред молитва и образовна, административна и станбена зграда.
Целиот проект чинел околу 34 милиони евра, но до крајот на работите цената дополнително се зголемила, пренесува „Танјуг“.