Самитот Брдо-Бриони стана напнат на самиот почеток, пренесуваат српските медиуми.
Како што неофицијално дознава „Новости“, косовскиот претседател Вјоса Османи и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ, најжестоко го нападнале претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Извори на „Новости“ известуваат дека дискусијата започнала затоа што учесниците на самитот презеле иницијатива на почетокот да усвојат заклучоци според кои границите во нашиот регион се непроменливи, а на кои Вучиќ однапред се спротивставил.
Како што се наведува, биле повторени старите флоскули за вината на Белград, но на кои, како што наведува „Новости“, претседателот на Србија остро возвратил.