На новата швајцарска банкнота од 200 франци има мотив со три прсти, што ги налути граѓаните на Босна и Херцеговина кои работат во Швајцарија, па по тој повод се огласи Централната банка.
– Трите прста ги означуваат трите геометриски оски – икс, ипсилон и зет, се наведува во соопштението од Централната банка на Швајцарија.
Соопштението уследи по реакциите на социјалните мрежи дека станува збор за српски поздрав и прашањата дали станува збор за српска банкнота.
Централната банка на Швајцарија наведува дека трите оски претставуваат приказ на Големата експлозија, а трите оски го покажуваат правецот на ширење на материјата.