Европската служба за надворешни работи соопшти дека во вторник, 15 јуни, ќе се одржи состанок во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Предвидено е состанокот да започне околу 08:30 часот и да заврши до 12:30 часот.
ЕЕАС наведува дека медијатор на состанокот ќе биде шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, со помош на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.
Се очекува учесниците во дијалогот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, да се обратат пред медиумите по разговорите во Брисел.