ГРЦИЈА

Ни Турција ни Грција немаат интерес да тргнат во војна, но никогаш не може да се исклучи можноста за грешка или судир што ќе води во војна, вели Лазарос Милопулос, политиколог од Универзитетот во Бон, во разговор за „Дојче веле“.
– Можноста за воен судри меѓу двете членки на НАТО, пред сѐ, зависи од турските власти. Наспроти воените тапани, реторичка агресија и поморската политика што се води со боевите бродови, претпоставувам дека власта на АКП сепак не тежнее кон воен судир. Грција воено е мошне опремена и подготвена.

Не се исклучува некоја голема грешка или хаварија, како што е судир на бродови, соборување авион или размена на оган на отворено море да предизвикаат серија реакции, кои би воделе кон воен судир. Во тој случај не би биле вклучени само Грција и Турција.
Милопулос посочува на турско-руските врски во овој момент се комплицирани, но на Русија ѝ нудат многу можности за дополнително отежнување на положбата на ЕУ.

Стариот турско-грчки конфликт денеска е „поинтернационализиран“ и има повеќе идеолошко и геополитичко значење. Доколку напорите за посредување во спорот на Берлин успеат, тогаш сценариото за овој спор би било: турската влада да престане со дупчење во морето, а за возврат Турција станува дел од билатералните или мултилатералните преговори за искористување на ресурсите. Можен е и некој вид соработка меѓу Турција и Грција и тие да ги поделат економските зони во оваа област.