Веселин Марешки, потпретседател на бугарското собрание и лидер на политичката партија Волја, коалициски партнер на Борисов изјави дека единствениот пат за Македонија е обединување со Бугарија.
– На ова безумие треба да се стави точка. Ние сме еден народ, со општо минато. Ако го отстраниме влојанието на една или друга голема држава, ако гледаме само и единствено на интересите на граѓаните, обединувањето е логичниот пат. Така ќе престанат сите шпекулации за историјата и нема да бидат пречки за иднината. А нашите браќа автоматски ќе станат европски граѓани – вели Марешки.