Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и нејзината мајка под сомнение дека и помагалнала во тој ужасен чин.
Според неофицијални информации пренесени од медиуми од БиХ, малолетничката наводно се породила во стан во сараевската населба Алипашино Поле, каде го убила своето бебе. Наводно за сето време со неа била и нејзината мајка. Случајот излегол на виделина кога малолетничката завршила во Клиничкиот центар во Сараево. Лекарите утврдиле дека таа крвари по порадување, за што ја известиле полицијата.
Членовите на сараевската полиција ја уапсиле малолетничката и нејзината мајка. Мајката била сместена во затвор, а малолетничката во установа, пренесува Аваз.