Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Србија има свое место во Европа, но го повтори ставот дека Европската Унија треба да се реформира за да ја прими Србија.
– Србија е на тој пат и јас секогаш ќе бидам покрај вас за да работиме на приближување и развивање на дијалогот – рече Макрон на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој истакна дека паралелно со тоа, ЕУ треба да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија.
– Србија го покажа својот ангажман и патот по кој сака да оди, како и подготвеност да се преземат храбри реформи, а ЕУ има свои барања – рече Макрон.