Претседателот на турската Партија на национално движење Девлет Бахчели ги спореди саудиските власти со понашениот водач на Ал Каеда – Осама бин Ладен и оцени дека се затега јамката околу престолонаследникот Мохамед бин салман во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Во говорот пред претставници на својата партија, Бахчели, сојузник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјави дека саудиските власти прибегнале кон терористички методи.
– Ве прашувам, која е разликата помеѓу администрацијата на Саудиска Арабија и размислувањето на Осама бин Ладен, што ја разликува оваа земја од Ал Каеда?”, праша Бахчели и додаде: Јамката е затегната околу наследникот, патиштата за бегство и спас се затворени.