Косовскиот премиер, Албин Курти, ги повика на состанок членовите на Советот за безбедност на земјата по случувањата на северот од Косово, објавуваат косовските медиуми.
На состанокот ќе се разговара за тензиите по одлуката на владата на Курти за примена на реципроцитет со Србија за регистерските таблички на возилата.
Кризата се продлабочи во текот на минатото деноноќие, откако непознати сторители запалија центар за регистрација на возила во рамки на општинскиот објект во Зубин Поток и фрлија експлозивни направи во таков центар во Звечане.