Ако има доволно гласови во Парламентот, лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, рече дека ќе побара смена на претседателот на Косово, Хашим Тачи.
-Најголемиот проблем што го имаме со Претседателот е односот со Србија, бидејќи во последните две години тој беше многу проблематичен. Пред три години тој направи нешто незамисливо за нас, затоа што на некој начин се согласи на територијална размена со Србија – рече Курти.
Тој повтори дека се залага за „принципиелен дијалог“ со Белград и истакна дека САД презеле „водечка улога“ во дијалогот.
-Јас ќе го водам овој дијалог, Претседателот ќе биде Претседател. Тој е претставник за надворешна политика, но не и креатор – нагласи Курти.