Косовскиот премиер во оставка, Албин Курти, објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија и Босна и Херцеговина.
Курти прецизирал дека мерката за реципроцитет се однесува на Србија, а дека за стоката од БиХ таксата се укинува безусловно.
Одлуката стапува на сила вечерва на полноќ и ќе важи до 15 јуни оваа година, кога ќе се согледаат резултатите од нејзината примена.
Институциите на Косово ќе треба да почнат со примена на одлуката откако ќе биде потпишана.
Косовоското собрание пред неколку дена ја отповика владата на Курти.