Предлогот на Рамуш Харадинај, косовскиот претседател Хашим Тачи да има водечка улога во дијалогот меѓу Приштина и Белград, нема поддршка на мнозинството во владејачката коалиција, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.
Опозициските партии претходно го отфрлија тој предлог, а малку подоцна и Социјалдемократската иницијатива, која е дел од владејачкото мнозинство.
Владината платформа за дијалог со Белград е поднесена во косовскиот Парламет и најверојатно ќе биде вклучена во дневниот ред на Претседателството на Собранието, се вели во прес клипингот на УНМИК.
За да биде усвоена платформата потребно е за неа да гласаат 61 пратеник.