Косовскиот премиер Рамуш Харадинај е уверен дека до крајот на годинава граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Европа без визи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Ттој очекува претходно во јуни Косово да добие од Европската унија позитивна оценка за либерализација на визниот режим.
– Одиме со неколку чекори. Во јуни ќе ни биде дадена оценка на ЕУ. Но, оваа оценка повторно ќе помине низ институциите на ЕУ. Потоа секоја држава ќе го даде сопственото мислење. Овие процедури ќе завршат во овој период и верувам дека пред крајот на годината ќе патуваме без визи, изјави Харадинај на денешната прес-конференеција по седницата на Владата.
Тој порача дека косовските граѓани по либерализацијата нема да претставуваат товар за Европа, затоа што таму „нема да патуваат криминалци или мигранти, туку станува збор едноставно за размена“.