Досегашниот алтернативен министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос е именуван за нов шеф на грчката дипломатија, соопшти портпаролот на Владата во Атина и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, покрај ова, во Владата на Грција се направени и уште неколку мали промени.