Министерството за надворешни работи на Бугарија информираше дека Момчил Рајчевски, бугарскиот амбасадор во Албанија, симболично подарил клучевите од минибус кои бил финансиран од Бугарија. Споменатото превозно средство е подарено на друштвото „Наша гора“ и раководителите на општината Кукс (Кукуш). Според соопштението на бугарското министерство, во новата учебна години, со овој минибус учениците од планинското село Борие ќе бидат превезувани во гимназијата во селото Шиштавец. Бугарското министерство исто така информира дека децата досега морале да пешачат час и половина во една насока во различни временски услови.
Хуманитарниот чин на бугарската држава е за поздравување, но по се изгледа повторно станува збор за политички заткулисни игри. Долги години Бугарија се обидува да докаже дека постои бугарско малцинство во Албанија, односно дека Горанците се Бугарија, иако статистичките податоци го говорат спротивното. Во овој правец е контроверзното соопштение на бугарското министерство за надворешни работи дека селото Борие е главно населено со претставници на бугарското национално малцинство во Република Албанија, а автобусот е финансиран во рамките на Програмата на владата на Република Бугарија за поддршка на организациите на бугарските заедници во странство.
Општината Кукс е дел од поширокиот регион Гора кои е претежно населен со Горанци. За разлика од Горанците од Косово и Македонија, Горанците од Албанија најчесто се идентификуваат како Албанци. Според пописот од 2011 година, 68,3 отсто од населението во Општината Кукс се идентификувале како етнички Албанци, а 7,7 отсто како Македонци, останатите не искажале етничка припадност.
Денешните постапки на бугарската држава наликуваат како на Бугарската егзархија од 19 век за која македонскиот деец Петар Поп Арсов вели дека: „Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува – тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува… Ни даваат пари за да не убијат… По ѓаволот тие пари, ако нашите општини, убивајќи ги, уште и не ги веруваат, па им натрапуваат семожни претседатели, владици, директори, учители и сл. за да ги контролирале (?!) сумите-единствениот мотив на бугарската пропаганда… Да, бугарска пропаганда!“