Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 01 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.7, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени, Битола и околината со интензитет од III, според Европската макросеизмичка скала. Во останатиот дел на Македонија замјотресот беше почувствуван со интензитет II степени од истата скала.
Ова е најсилниот од серијата земјотреси што во изминатите два дена биле регистрирани во Албанија.